Нокаут на дуелот Бразил – Русија: Ракометарка на „зборнаја“ доби удар во глава (ВИДЕО)

На средбата меѓу Бразил и Русија на Олимписките игри во Токио се случи несекојдневен момент при кој ракометарката од таборот на „кариоките“ Бруна де Паула постигна гол и нокаутираше противничка ракометарка.

Таа имаше висок одраз на кој би можеле да позавидат и многу атлетичарки, но притоа беше невнимателна, па нејзината десна нога заврши во лицето на репрезентативка на Русија која остана да лежи на подот.