Нов тежок удар за Целје, Горење го „изгоре“ ривалот во Велење

Шампионот на Словенија, Целје продолжи со лошата игра во домашниот шампионат и на свое конто запиша уште еден пораз, овој пат од тимот на Горење на гостувањето во Велење со 22:30.

Тимот на Горење беше убедлив уште од почетокот на натпреварот, а на полувреме замина со предност од 19:10 и успеа континуирано да го одржува водството до самиот крај.

Очигледно ниту смената на тренерот, Томаш Оцвирк не беше доволна за поволен резултат на екипата на Целје против вечниот ривал.

Со денешниот пораз, Целје падна на третото место, додека Горење од третата позиција на табелата скокна на второто место. Горење и Тримо Требње имаат ист број на бодови, 39, но екипата на Урош Зорман во меѓусебните дуели со Горење беше подобра и поради тоа останува како лидер, барем засега, во шампионатот на Словенија.