Нов предизвик за Металари и Николовски – ќе му судат на европскиот и светски првак!

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од третото коло во групите А и Б од Европското првенство.

Исмаил Металари и Ненад Николовски по средбата меѓу Словенија и Шведска, добија нова задача од ЕХФ.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу актуелниот европски и светски првак Норвешка и Унгарија што ќе се игра вечерва од 20:30 часот во Љубљана.

Норвешка и Унгарија веќе се пласирани во главната рунда, а ќе им се придружи и Хрватска, доколку победи против Швајцарија.