Нов предизвик за Македонецот: Костадин Петров потпиша за романска Сучеава!

Македонскиот интернационалец Костадин Петров, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик.

Кружниот напаѓач, кој лани одлично играше во Асобал лигата, потпиша договор на една сезона со романскиот тим Сучеава.

Иако беше посакуван од неколку македонски екипи, сепак Петров се реши да остане во странство.

Велешанецот беше дел од историскиот успех на Гвадалахара, која стигна до седмото место на табелата во Асобал.

Претходно Петров настапуваше за Пелистер, Металург, Радовиш, Куманово, Овче Поле, Драчево и Борец.