Нов предизвик за кружниот напаѓач: Сања Дабевска се пресели во Романија

Македонската репрезентативка Сања Дабевска ќе има нов предизвик во кариерата, откако од Унгарија се пресели во Романија.

Кружниот напаѓач потпиша договор со екипата на Дева, која летово обезбеди место во најсилната романска конкуренција.

Дабевска минатата сезона ја мина во некогашниот европски шампион Дунајварош, а претходно играше за грчкиот Јонијас, а во Македонија беше дел од Гостивар, Металург, Пелистер и Куманово.

Дева во првите две кола беше поразена од фаворитите Валчеа и Рапид Букурешт, а во третото коло ќе игра на домашен терен со Крајова.