Нови позитивни случаи со Ковид 19, дури осум во Пролет

На неколку дена до завршувањето на паузата во Супер машката лига поради позитивните случаи со Ковид 19 во неколку екипи, новите информации најавуваат ново одлагање со оглед на тоа што има нови позитивни случаи меѓу ракометарите.

Како што 24Ракомет објави вчера ракометари позитивни на Ковид 19 има во тимот на Пролет. Сепак, бројката е поголема. После Петар Ангелов, кој прв беше позитивен сега има вкупно осуммина кои се заразени, па комплетниот тим на Пролет е ставен во изолација.

Како што стои во соопштението од страна на клубот резултатите се разочарувачки така што ова ќе го спречи составот да продолжи со играњето на натпреварите, па останува да се види како ќе тече продолжението од сезоната.

Засега е јасно дека Пролет е во изолација, а останува да се види што се случува со другите тимови. Повеќето беа на пауза поради позитивни случаи, а Еурофарм Пелистер 2 и Пролет имаат пријавено позитивни ракометари во последните денови.