Новите шампионки продолжуваат на максимум

Ракометарките на Куманово кои во минатото коло ја добија наградата за освоената титула во првенството денеска обезбедија уште една победа со што продолжија на максимум и ќе се обидат максимум да ја финишираат оваа сезона.

Куманово го реши победникот против Ѓорче Петров уште во првото полувреме кога резултатот беше 20:9. Оваа предност беше сосема доволна за да може да се одигра мирно.

Сепак, и во вториот дел разликата се зголемуваше и во ниту еден момент немаше намалување на позитивата туку стануваше сè поголема.

На крајот беше дури 21 гол разлика така што Куманово уште еднаш го потврди квалитетот.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО    19:40 (9:20)

Сала: „Христо Ботанџиев“ во Скопје. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Галачева, Хасаноска, Блажевска, Цветановска 4, Домазетоска, Шоповска 1, Божинова 2, А. Велкова 3, Србиновска 6, Неделковска 1, Петровска 2, Величковска, И. Велкова, Трпеска, Божиновска.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Јовановска, Митровиќ, Марковиќ 8, Трајковиќ 5, Ивановска 1, Мат. Јовановска 1, Боризовска 6, Шарановиќ 5, Чокели 2, Јанкуловска 5, Кипријановска 1, Димитриевска, Димитровска 1, Цветановска 1, Бечирхоџиќ 3, Краљевски 1

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.