„Новиот Вардар“ почнува со подготовки на 16 јули!

Тимот на Вардар како се уште актуелен европски првак ќе ги почне подготовките за новата сезона, со оглед на тоа што новиот шампион ќе биде познат дури пред Нова Година.

Според тренерот Стевче Алушовски, стартот на оваа сезона ќе биде порано од досега, поради долгата пауза. Тој ќе има многу нови играчи на подготовките, а би требало да останат дел од првотимците оваа сезона.

„Планот е да ги започнеме подготовките на 16 јули, малку порано од тоа што почнувавме претходните сезони. Тоа ќе биде нешто ново, со оглед на преголемата пауза. Во овој период кога не се тренира во сала, играчите добиваат програма з атренинг, но топката е нашиот алат, таа не влече, без топка пет месеци ќе биде тешко да влеземе во ритам. Неизвесноста има пред нас, но мислам дека нашиот кондициски тренер ќе направи добра програма. Ќе биде тоа комплексна работа пред нас, можеби планот ќе биде променет, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, вели Алушовски.

Првиот натпревар во Лигата на шампионите е на 16 или 17 септември, но претходно би требало да биде одигран четвртфиналниот дуел од СЕХА против Нексе, како и завршниот турнир, па вардарци ќе имаат доволно време да се подготват за сите предизвици.