Новиот вардарец блесна во Германија: Томовски има најголем индекс на корисност меѓу голманите! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го одигра најдобриот натпревар во Бундес лигата во дресот на Лудвигсхафен.

Тој во триумфот на Лудвигсхафен над Ерлангенс о 19-24, успеа да собере 17 интеревенции со 50% успешност.

Овој настап на новиот вардарец му го донесе првото место меѓу голманите според индексот на корисност ова коло. Македонскиот „пантер“ има индекс на корисност 189, додека втор е Небојша Симиќ со 145.

Овој индекс се пресметува според повеќе параматери – одбраните од контранапади, одбрани од шест метри, одбрани од девет метри, одбрани од седмереци. Според претходно утврдениот критериум се вреднуваат сите одбранети удари и се добива индексот на корисност.