Новинарите гласаа – ја избраа Сара Ристовска за најдобро десно крило во ЛШ (ФОТО)

Репрезентативкатата на Македонија и ракометарка на ЦСКА Москва, Сара Ристовска се најде во најдобриот состав на Лигата на шампионите за сезоната во 2020/21 во изборот на новинарите.

Ристовска е избрана за најдобро десно крило и се најде во одбрано друштво со ракометарките кои оставија најголем впечаток со прикажаните игри.

Во тимот се најдоа одлично познати ракометарки, па ова е големо признание за неа да биде во друштво со Нора Морк, Изабел Гулден, Сандра Тофт…

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ) – ОЛ-СТАР ТИМ

ГОЛМАН: Сандра Тофт (Данска) – Брест

ЛЕВО КРИЛО: Мајда Мехмедовиќ (Црна Гора) – Будуќност

ЛЕВ БЕК: Вероника Кристијансен (Норвешка) – Ѓер

СРЕДЕН БЕК: Изабел Гулден (Шведска) – Брест

ДЕСЕН БЕК: Нора Морк (Норвешка) – Кристијансанд

ДЕСНО КРИЛО: Сара Ристовска (Македонија) – ЦСКА Москва

ПИВОТ: Ксенија Макеева (Русија) – Ростов Дон

ДЕФАНЗИВЕЦ: Беатрис Едвиг (Франција) – Ѓер

МЛАДА РАКОМЕТАРКА: Катрин Клујбер (Холандија) – Ференцварош

ТРЕНЕР: Габор Дани (Унгарија) – Ѓер