Нова тренерска жртва во ЛШ – се разделија Загреб и Голужа

Хрватскиот шампион Загреб, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групниот сегмент во Лигата на шампионите, објави дека Славко Голужа не е повеќе предводник на „плинарите“.

Според информациите објавени на клупската страна на Загреб, двете страни се договориле на заеднички прекин на соработката.

Тоа значи дека до дополнителното известување, ракометарите на Загреб ќе бидат под палката на довчерашниот асистент на Славко Голужда, Андрија Николиќ.

Во стручниот штаб на тимот ќе се приклучи и генералниот директор на Загреб, Божидар Јовиќ.

Загреб во првото коло од Лигата на шампионите беше убедливо поразен од Кил со 30:23.

Првиот дуел меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе биде одигран на 19 октомври во Хрватска.

Пред неколку дена, данскиот шампион ГОГ ја прекина соработката со тренерот Јан Марко.

Вчера славеше прва победа во ЛШ, денеска доби отказ

„Требаше да се ‘истепаме’ – секој играч нека размисли за себе, и јас исто…“