Нова македонска интернационалка во Италија

Во следната сезона во најсилната лига на Италија ќе има уште една ракометарка од Македонија, а во тимот на Гуирере Мало ќе настапува Савица Мркиќ.

Ракометарката која потекнува од школата на ѓорчепетровки и своевремено го носеше дресот на Еуростандард Ѓорче Петров, а потоа и на Кометал Ѓорче Петров пристига во Италија.

Мркиќ настапува на позицијата лев бек и ова за неа ќе биде уште еден тим надвор од Македонија во кој ќе настапува. Досега има играно во Грција, Србија, Романија, Шпанија, Исланд, Германија, но и во Ангола.

Таа веќе неколку сезони е интернационалка, а првпат настапи за тим надвор од Македонија на 22 години.