Ни шпански тренер не и помогна на Беса: Еурофарм Пелистер го преслуша косовскиот првак

Ракометарите на Еурофарм Пелистер празниот простор по натпреварите од регионалната СЕХА лига го искористија за пријателски средби.

Иако требаше да гостуваат во Грција и да одиграат дуел со АЕК, сепак тој беше откажан, а во Битола гостуваше косовскиот првак Беса Фамилија.

Овој тим има нов тренер и на местото на Зденко Корди дојде Шпанецот Хуан Хавиер Кабањас.

Сепак ниту тој не и помогна на Беса, која од Битола си замина со два убедливи порази со 38-26 и 33-17.