Ниту Кристопанс не им помогна, „лисиците“ се најголеми губитници!

Иако го имаше во пролетната полусезона десниот бек од Вардар, Даинис Кристопанс, сепак екипата на Фуксе Берлин забележа неколку лоши резултати во серија, а тоа ги чинеше место во Европа следната сезона.

„Лисиците“ службено загубија излез во Европа, но и покрај тоа нема да протестираат, иако се најголемите губитници и единствена екипа од врвот што по пресметката на просекот падна едно место подолу.

Фуксе Берлин беше пред Рајн Некар на табелата, но со еден бод повеќе и еден меч повеќе. Кога се пресмета просекот, „лавовите“ го заземаа нивното место и го обезбедија третиот билет за Лига Европа, а Фуксе остана на шестото место да чека некоја нова шанса.

„Нема фер ситуација во настанатите околности. Јавна тајна е дека ние поинаку ја пресметувавме табелата, но другите поинаку гледаат на ситуацијата. Мораме да го прифатиме тоа и нема да протестираме против оваа одлука “, изјави менаџерот на клубот, Боб Ханинг.