Ниту Д од езерското дерби – Охрид покажа моќ над Струга

Тимот на Охрид и без тренерот Раде Стојановиќ и суспендираниот Михајло Младеновиќ, успеа да оствари убедлива победа над големиот ривал Струга со 29-18, па од очекуваното езерско дерби немаше ниту Д.

Домашните отворија со водство од 7-1, па уште на стартот го решија победникот на натпреварот. За момент стружани намалија на 9-4, но повторно нивниот напад влезе во „црна дупка“.

Во продолжение Брауновиќ бранеше одлично, па неговите соиграчи ја зголемија предноста и на плус девет, 13-4. Беше и 14-5, а Струга до крајот на полувремето успеа да намали од негативата преку Ѓорѓиески за 14-7.

Во вториот дел гостите се соочија со повреди на Бајрактаревиќ и Савески, па не можеа да парираат на расположениот домаќин. По 15-8, три гола во серија за Охрид, па веќе беше 18-8 и немаше назад за Струга.

Кај охриѓани, шанса да изведе седмерец доби младиот Никола Ристески и го реализираше, па Охрид стигна до 22-11. До крајот се играше колку да се одигра, па мечот заврши со победа на домашниот тим со 29-18.

Одлична партија на голот на Охрид имаше Брауновиќ, а најдобар стрелец беше капитенот Тасески со шест гола, додека пет даде Шилегов. Кај Струга се истакна Кастратовиќ со осум погодоци.

4 декември 2021
29 - 18
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 декември 2021 20:38 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 04.12.2021 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1429Победа
СТРУГА718Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило02
6Филип Кривокапиќцентрален бек02
8Наум Костовдесно крило01
10Филип Николовдесен бек14
11Мице Шилеговдесно крило05
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
35Николче Ристескилево крило02
17Никола Ристески-01
19Иван Тасескипивот06
21Филип Грубор-10
24Мартин Манасковлев бек12
44Стефан Додиќцентрален бек14
55Христијан Димитриескипивот00
77Алекса Милошевиќ-00
 Вкупно 429

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-10
3Славе Јанковскилево крило00
4Христијан Крстаноскилев бек01
5Бобан Савески-01
6Филип Пајкоскипивот00
7Бобан Блажескидесно крило02
9Пеце Ѓорѓиоскипивот04
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Никола Матовиќголман00
18Никола Стрезоски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек00
20Ивица Дукоскицентрален бек00
22Владан Кастратовиќцентрален бек09
24Ненад Костоскилево крило00
25Никола Цветаноскилев бек00
 Вкупно 118

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КУРТОВИЌ ЦАНО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515