Нилсон: Деjвис не познава одлично, секогаш е тешко да се игра во Скопje

Вардар и Веспрем ќе се сретнат во осимнафиналето од Лигата на шампионите, а првиот натпервар се игра во салата Јане Сандански во Скопје.

Во пресрет на првиот осминафинален дуел пикерот на Веспрем, Андреас Нилсон ги истакна своите очекувања од натпреварот.

„Вардар е незгоден противник, особено сега кога нивниот тренер нè познава многу добро. Секогаш е тешко да се игра во Скопје, но ние ќе се обидеме да играме на ист начин како што игравме во Париз. Цврстата одбрана и многу трчање би можело да биде клучот за победата“, рече Нилсон.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем се игра во четврток и започнува во 18:45 часот.