Николов и Начевски со нова задача во ЛШ – ќе судат двобој вреден осминафинале!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе судат натпревар во романскиот главен град.

Динамо Букурешт и Загреб ќе играат натпревар, кој веројатно ќе биде клучен за овие две екипи за пласманот во осминафиналето.

Овој двобој ќе се игра на 8 декември со почеток во 18:45 часот, а делегат ќе биде Италијанецот Трепсиди.