Николов и Начевски на дерби во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за петтото коло во Лигата на шампионите што ќе се игра следната недела.

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби нова задача и ќе патува во Нант.

Николов и Начевски ќе го судат дербито во групата меѓу екипите на Нант и Кил, што ќе се игра на 27 октомври од 20:45 часот.

Делегат на овој натпревар ќе биде Гулао од Португалија.

Претстојниот викенд уште две двојки од Македонија, ќе судат натпревари од женската Лига на шампиони. Металари и Николовски ќе бидат арбитри на мечот Оденсе –  Битигхајм, додека Карбеска и Илиева ќе им судат на Кастамону и Есбјерг.