Николовски и Металари на нова задача во Европа, ќе судат дерби во Хрватска

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од петтото коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе суди натпревар од групата Ц.

Станува збор за дуелот меѓу хрватскиот вицепрвак Нексе и шпанскиот Гранољерс што ќе се игра во Нашице од 20:45 часот.

Победникот од овој натпревар ќе го запоседне врвот на табелата на половина од групната фаза во второто по ранг европско натпреварување.