Николовска и Николовска дадоа 18 гола, Чаир славеше над Деспина

Ракометарките на Чаир утре против Ѓорче Петров ќе се борат за место на Ф4 во Купот на Македонија, откако денеска славеа победа над прилепска Деспина со 31-26.

Тимот на Чаир отвори со предност од 7-2 и се чинеше дека ќе има лесна задача до крајот. Беше и 10-4 за домаќинките, но како одминуваше времето, прилепчанки се враќаа во игра и израмнија на 13-13. Сепак на пауза се замина со предност за Чаир од еден гол, 14-13.

Во вториот дел гостинките дури и поведоа во еден момент, но сепак кога најмногу требаше избраничките на Басри Латифи заиграа како што знаат. Се надоврза и голманката Кицеска со неколку интервенции, па Чаир се радуваше на триумф со пет гола разлика, 31-26.

Утре во финалниот меч од групата Б, Чаир ќе се сретне со Ѓорче Петров во борбата за место на завршниот турнир. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Марија Николовска со десет гола, додека Анастасија Николовска даде осум. Кај Деспина се истакна искусната Мери Конеска со десет погодоци.