Никола Митревски помеѓу „фалангата“ во Порто (ВИДЕО)

Поради натпреварот на македонската фудбалска репрезентација вечерва против Португалија во Порто преку целиот ден атмосферата е фантастична, а на македонските фанови им се приклучи и репрезентативниот голман Никола Митревски.

Митревски веќе неколку сезони престојува во овој град бидејќи го чува голот на Порто, а сигурно дека не можеше да ја пропушти оваа прилика да даде поддршка и на фудбалерите.