Никола Митревски доби нов тренер во Порто!

Португалскиот првак Порто и македонскиот репрезентативец Никола Митревски ќе имаат нов предводник наредната сезона.

Тоа ќе биде легендарниот Португалец Карлос Резенде, кој доаѓа на местото на шведскиот стратег Магнус Андерсон.

Швеѓанецот заминува една година пред истекот на договорот, а шпекулациите се дека ќе го води Екс Ан Прованс од следното лето.

Резенде беше на клупата на Порто од 2006 до 2009 година, потоа се пресели во Брага, работеше и во Бенфика, а сега одново доаѓа во Порто.