Никола Митревски дебитираше за Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски го одигра својот прв натпревар за Порто.

Нашиот чувар на мрежата беше дел од ростерот на португалскиот првак кој одигра нерешено со Адемар Леон, 31-31. Иако Порто можеше да победи, Шпанците се спасија во последните секунди.

Митревски заедно со Алфредо Кинтана ја поделија минутажата од тренерот Магнус Андерсон.

Голманот и новиот тим се подготвуваат за новата сезона во португалскиот шампионат каде ќе ја бранат титулата и за настап во Лигата на шампионите во која се во група со Вардар.