Не се само мажите – и женските тренери од Шпанија „влегуваат во мода“

Монсерат Пуче Диас, некогашната шпанска ракометарка, успешно ја гради тренерската по завршувањето на играчката кариера.

Таа стана селектор на женската селекција на Иран, која ја очекуваат настапи на „Игрите на исламска солидарност“ во Турција.

Ова значи дека не се само машките тренери на цена низ Европа и светот, туку свое место добиваат и женските тренери од Шпанија.

Претходно Пуче Диас успешно работеше во шпанските клубови Бера Бера и Кастелон, но сега ја чека поинаков предизвик. За селекцијата на Шпанија, Пуче Диас даде 736 погодоци на 200 натпревари.

На македонската јавност, Пуче Диас и е позната од настапите за шпанскиот шампион Валенсија, кој беше најнезгодниот ривал за Кометал Ѓорче Петров своевремено.

Покрај Наталија Морскова, секогаш меѓу најдобрите на натпреварите против македонскиот тим беше и Пуче Диас.