Не се пријави Војводина: Србија со една машка и две женски екипи на евро сцената!

Продолжуваат откажувањата од настапите во европските купови пред стартот на новата сезона.

Откако имаше откази од Германија, Шпанија, Белгија, Луксембург, Унгарија, на ред дојде и Србија.

Се пријавија само три екипи во двете конкуренции. Станува збор за Железничар Ниш кој ќе игра во ЕХФ Купот и Наиса и Јагодина, кои ќе играат во женскиот ЕХФ Куп.

Нема да играат ниту Војдовина, Металопластика, Динамо Панчево…иако имаа шанса за пријава, како ниту Зајечар кај дамите.