Не се препушта ништо на случајот: Вардар два дена пред мечот патува за Брест

Европскиот шампион Вардар го очекува претпоследниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај Мешков Брест и мора да победи доколку сака да остане во трката за првите две позиции.

Поради неговата важност, вардарци ќе отпатуваат за белорускиот град два дена пред натпреварот и ќе имаат доволно време за аклиматизација, одмор и тренинг.

Денеска во 12:30 часот, вардарци од Скопје ќе се упатат кон Виена, а од австриската престолнина ги чека лет до Варшава. Од полската престолнина, пак, патувањето до Брест ќе биде продолжено со автобус.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.