Не се живее од ракомет на Балканот – го продолжи семејниот занает и стана чевлар

Сеид Танир професионално играл ракомет во повеќе клубови ширум Балканот и поранешната република, но потоа како резултат на неколку повреди се откажал од спортот и се вратил во својата родна Сеница.

Таму го продолжил семејниот занает и во многу мала работилница започнал рачно да произведува чевли. Сеад сè уште ги користи истите алати што ги користеле неговите претходници во вековната традиција, неговите татко, дедо и прадедо.

„Уште како мал не сакав да поминувам време во работнилницата, не се гледав во овој занает. Сакав да бидам со друштвото, да играм ракомет и да бидам во спортот. Мојата кариера кратко траеше, не се заработува премногу од ракомет и започнав да работам овде. Гледав една емисија на телеввизија за чевлар од Лондон. Сакав да видам што прави, а тој правеше се рачно за позанти личноти. Некако ме привлече тоа и сакав да се обидам и јас, дојдов кај татко ми и веднаш почнав да работа“, изјави Танир за РТС.

Во овој момент Сенид прави чевли кои се распространети на повеќе страни на светот. Тој ги намина свите предци, а неговите чевли се носат во Виена, Москва, Сант Петерсбург.