„Не мора да бидете два метра високи да играте ракомет – и ние ниските можеме да играме“

Во 2020 година кога Холандија за првпат играше на Европско првенство беше невообичаено што во составот имаат премногу ниски ракометари за овој спорт. Но тие покажаа дека висината не е клучна за успех.

После тој настап многу од Холанѓаните направија трансфери во познати клубови ширум Европа. Еден од најниските бекови на првенството со 182 сантиметри, Дани Баијенс кој настапува во Лемго за сајтот на ЕХФ говореше за физичките карактеристики на ракометарите.

„Му покажавме на светот дека не мора да бидете два метра високи и да имате 200 кила за да играте добро ракомет. Ние им покажавме на големите клубови дека исто така можеме да играме ракоемет и дека можеме да развиеме и да донесеме нешто ново на теренот“, рече Баијенс.

Холандија продолжува и понатаму со добрите игри на првенството и со триумфот над Црна Гора ги освои првите бодови во главната фаза. Следен противник им е Данска кој ќе им биде вистински предизвик.