Не е веќе селектор на Украина, па удри по „главниот“: Секаде каде што е тој, има само скандали и проблеми

Поранешниот селектор на машката репрезентација на Украина, Никола Степанец на 1 јули оваа година доби вест дека нема да продолжи на таа функција.

Освен него, од националниот стручен штаб на репрезентацијата беа разрешени и неговите помошници, Евгениј Будко и Виктор Горбах, екс голман на Младост Богданци и Пелистер.

Во интервју за „Спорт Арена“, Степанец истакна дека било невозможно да се соработува со Евгениј Петрушевски, но и други тренери од Украина биле разочарани од политиката на Петрушевски во ракометната федерација на Украина.

„Неколку дена подоцна, негативните емоции малку стивнаа. Беше невозможно да се продолжи со работа со таков прв човек на украинската ракометна федерација како што е Евгениј Петрушевски. Како и повеќето тренери во Украина, јас сум длабоко разочаран од политиката што ја спроведува“, изјави Степанец.

И покрај тоа што Украина обезбеди место на Европското првенство 2022, Никола Степанец доби отказ и како причина за неговото остранување од селекторската функција го наведува непријателството и зависта од првиот човек на украинската федерација, Евгениј Петрушевски.

Причината е лично непријателство и завист. Секаде каде што е тој, има само непријатности и скандали“, заврши Степанец.

Во украинските медиуми како главен наследник на Никола Степанец се споменува актуелниот тренер на Мотор, Гинтарас Савукинас. Украина на Европското првенство 2022 ќе настапи во Ц групата заедно со репрезентациите на Хрватска, Србија и Франција.