„Не верувам во Бог, ама на крајот од натпреварот почнав да се молам“

Стартот во данскиот шампионат во машка конкуренција започна со сензациja. Сондерјиске на свој терен беше подобар од дрим-тимот на Алборг со 29:28.

Најефикасниот во победничкиот табор, француското лево крило Ноа Годен имаше интересна изјава за данските медиуми по големата борба со ракометниот великан.

„Навистина не верувам во Бог, но на крајот од натпреварот прочитав мала молитва. Кога сте на клупата, ништо не можете да направите. Настаните на теренот се движеа брзо а времето изгледаше толку бавно…Последната одбрана на нашиот голман беше неверојатна“, изјави Годен.

Францускиот интернационалец го заврши натпреварот со шест постигнати гола во мрежата на Алборг и беше најзаслужен за сензационалната победа.