Несреќен пораз за Македонија, Норвешка во последната минута до триумф

Женската репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Норвешка Б со 27-26 во првиот од двата пријателски натпревари што се играат во Скопје.

Македонија најави дека ќе се бори за победа, имаше предност од 17-14 на полувреме, при нерешен резултат 26-26, напаѓаше за победа, но Норвежанките беа посреќни и славеа на крајот.

Овој натпревар се одигра зад затворени врати во договор на двете селекции и селекторите можеа да пробаат сите тактички варијанти.

Селекторот Савевски им даде шанса и на младите ракометарки кои настапија на Мундијалот за кадетки во Скопје, а сега се дел од сениорската селекција.

Вториот пријателски натпревар меѓу овие две селекци ќе се одигра на 1 октомври, в сабота со почеток од 16:00 часот и ќе биде отворен за јавноста.