Ненадиќ: Вардар е голем европски клуб, жално е тоа што му се случува!

Еден од најдобрите играчи на Веспрем во оваа сезона е поранешниот српски репрезентативец Петар Ненадиќ.

Како и сите други, така и средниот бек на унгарскиот гигант во домашни услови успева колку толку да ја одржува формата.

За „Balkan Handball“ одговараше на прашања на навивачи и откри дека досега не добил понуда од Вардар, но и дека жал му е за тоа што се случува со македонскиот и европскиот првак.

„Никогаш не сум имал прилика да зборувам со некој од раководството на Вардар и не сум добил понуда за трансфер, барем досега. Имам  многу пријатели во Скопје и дека мене ми е драго што таков тим како Вардар претставува големо европско име. Тажно е тоа што се случува во овие моменти, но се надевам дека ќе се среди ситуацијата“, вели Ненадиќ.

Српскиот репрезентативец секогаш имал добри партии против македонскиот тим, а доколку Вардар го мине ПИК Сегед, што ќе биде уште едно чудо, во четвртфиналето ќе се сретнат Веспрем и Вардар.