Ненадиќ: Атмосферата во Скопје е посебна, Вардар игра подобро со Дејвис

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот гигант Веспрем.

Средниот бек на Веспрем, Петар Ненадиќ, очекува тежок натпревар на гостувањето во Скопје в четврток.

„Ќе имаме тежок натпревар во Скопје. Откако дојде Дејвис, Вардар игра многу подобро, а атмосферата секогаш е посебна во Скопје. Ќе се подготвиме колку што можеме подобро и се надевам дека можеме да победиме на овој натпревар“, вели Ненадиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра на 31 март со почеток во 18:45 во СЦ „Јане Сандански“.