Нема повеќе љубов меѓу Итана Грбиќ и Будуќност – ФТЦ нова дестинација за поранешната вардарка

Репрезентативката на Црна Гора, Итана Грбиќ од денес не е повеќе членка на црногорскиот шампион Будуќност. Грбиќ заминува поради неисполнување на дел од обврските кои биле наведени во самиот договор од минатата сезона.

Иако раководството на Будуќност неколку пати разговарало со Грбиќ, сепак двете страни не постигнале заедничко решение. Со раскинувањето на договорот со Будуќност, Грбиќ не чекаше многу во потрага по нов клуб и веќе доби ангажман во унгарскиот шампион, ФТЦ Будимпешта.

Итана Грбиќ во својата кариера беше дел и од екипите на Вардар и ЧСМ Букурешт.

По нејзиното заминување, Будуќност најде експресна замена за испразнетата позиција и реши во своите редови да ја донесе младата црногорска репрезентативка, Матеа Плетикосиќ. Во Будуќност, Плетикосиќ ќе пристигне од екипата на Крим.