Нема пауза ниту во недела: Калараш и Дибиров го „прошетаа“ Кантегрел на Водно (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар вчера го имаше првиот собир во пресрет на новата сезона во која „црвено-црните“ ќе бидат активни на три фронта.

Денеска имаше тим-билдинг на Водно, а ова почесто ќе се практикува во иднина, со оглед на тоа што нема се уште протоколи за тренинзи во сала.

Тимур Дибиров и Глеб Калараш, староседелци во Скопје, му го покажаа Водно на Французинот Кантегрел.

Со нив на врвот се искачија и Гоце Георгиевски и Марко Мишевски, како и сите останатите ракометари од екипата.