Нема непотизам – стана асистент на селекторот, ама ќерка и не ја повика во репрезентацијата

Поранешната репрезентативка на Црна Гора, Маја Савиќ пред неколку дена стана асистент на селекторот Бојана Поповиќ. Савиќ заедно со Поповиќ ќе се обидат да направат добар резултат со нивните избранички и да изборат пласман на Светското првенство во Шпанија.

Во бараж натпреварот за обезбедување место меѓу најдобрите репрезентации од светот, Црна Гора за противник ја доби Белорусија.

На списокот за натпреварите против белорускиот состав, селекторскиот тандем Поповиќ – Савиќ се реши за истите ракометарки кои беа и под водство на поранешниот селектор, Ким Расмусен.

На списокот ја нема ќерката на Маја Савиќ, Ванеса Аговиќ. Младата ракометарка е членка на полскиот Елблаг, и има одлични настапи. Аговиќ во својата кариера настапуваше за голем број на клубови од Данска, Шпанија и Црна Гора. Но, нејзиното богато портфолио и одличната полусезона не беше доволно да се најде меѓу повиканите ракометарки за дуелите против Белорусија.