Нема да игра на ЕП, па најде време за свадба и меден месец во Дубаи (ФОТО)

Некогашниот ракометар на Вардар, а сега на Келце – Алекс Душебаев, паузата меѓу двете полусезони ја искористи да се посвети на приватни нешта.

Тој иако одамна е во граѓански брак со Ирене Портиљо, со која доби син, но дури сега успеаја да направат свадба.

Церемонија се одржа во Сарагоса, а медениот месец Душебаев и Портиљо го минуваат во Дубаи.

Десниот бек од Шпанија ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, но се очекува да биде подготвен за вториот дел до сезоната.