Нема веќе билети – ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“ пред 6.000 Македонци!

Спектаклот „Сите ѕвезди“ утре во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи пред полни трибини, откако беа продадени сите билети.

Повеќе од 6.000 љубители на спортот ќе имаат уникатна можност да го видат најдоброто од македонскиот ракомет на едно место.

Поточно, тоа што машкиот ракомет го имаше некогаш и тоа што го има во моментов ќе биде на двете страни на теренот.

Ревијалниот натпревар што ќе има хуманитарен карактер ќе започне од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

20 ветерани предводени од Звонко Шундовски и Илија Темелковски, ќе бидат на една страна, додека избраниците на Кире Лазаров ќе бидат на друга страна.