Нексе победнички низ Нови Сад во СЕХА лигата

Ракометарите на Нексе немаа големи проблеми на гостувањето во Нови Сад и славеа победа над Војводина со резултат 26:21 во рамките од СЕХА лигата од групата Б.

Првото полувреме помина со мал број на постигнати голови и на двете страни, а по 30 минути игра резултатот беше нерешен, 11:11.

Во вториот дел, Нексе, брзо постигна два гола и стигна до водство од два разлика, 13:11, со головите на Кевиќ и Прибетиќ. Хрватите во текот на 42. минута го имаа највисокото водство од три разлика, 19:16, и од тој момент почна предавањето на домашната екипа која немаше доволно сили да им парира на поискусните противнички ракометари.

Во отсуство на Халил Јагањац поради репрезентативни настапи со Хрватска, во составот на Нексе прв стрелец беше Јанко Кевиќ со седум погодоци. Во составот на Војводина најефикасен беше Бранко Томиќ со пет гола.

СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000