Нексе низ иглени уши во групна фаза, се пласираа и Висла Плоцк, Ним, Тулуз…

Познати се уште осум учесници во групната од Лигата на Европа откако беа одиграни реванш натпрварите во 2. квалификациско коло. Учество во главната фаза обезбедија Екс ан Прованс, Ним, Висла Плоцк, Фуксе Берлин, Спортинг, Тулуз, ГОГ и Нексе.

Ракометартие на Нексе остварија голема победа во драматичен натпревар против екипата на Силкеборг со 32:26 со што ја надоместија негативата од првиот дуел од шест гола (27:33) и се пласираа во групната фаза поради гол повеќе на гостински терен.

Нексе имаше постојано водство во текот на целиот натпревар, на полувреме водеа 15:11, а во продолжение стигнаа до потребните шест гола за голема победа и голем успех на тимот елминирајќи го данскиот претставник.

После нерешениот исход во првиот натпревар, екипата на Екс ан Прованс славеше сигурна победа од 40:22 во реваншот против Арендал и обезбеди групна фаза. Фуксе Берлин лесно го мина полски Азоти Пулави откако и на вториот натпревар победи со 33:29

Португалскиот претставник Спортинг го потврди квалитетот и со втора победа против Холстебро го потврди учеството во Лигата на Европа. Тулуз без поголеми проблеми го совлада Малме и на гостувањето, а Висла Плоцк и покрај поразот од Констанца од 26:20 обезбеди место во групите.

ЛИГА НА ЕВРОПА

РЕЗУЛТАТИ 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

ЕКС АН ПРОВАНС – АРЕНДАЛ 40:22 (16:13)
ЦСКА МОСКВА – НИМ 29:29 (15:15)
КОНСТАНЦА – ВИСЛА ПЛОЦК  (14:9)
ФУКСЕ БЕРЛИН – АЗОТИ ПУЛАВИ 33:29 (13:16)
ХОЛСТЕБРО – СПОРТИНГ 28:31 (16:15)
МАЛМЕ – ТУЛУЗ 25:29 (11:15)
МОРС – ГОГ 27:27 (14:16)
НЕКСЕ – СИЛКЕБОРГ 32:26 (15:11)