Нексе како битолчани пред меѓусебниот меч – го срушија шампионот Загреб!

Ракометарите на Нексе го совладаа најголемиот ривал во домашното првенство Загреб во плеј-офот со 30:29 (16:14) и го преземаа водечкото место на првенствената табела со ист број бодови но подобар меѓусебен дуел.

Во одлична атмосфера во салата во Нашице која ја направија домашните навивачи, Нексе во нaјgолемиот дел од мечот имаше преднсот. После одиграни 30 минути домашниот состав имаше два гола водство, 16:14.

Во завршницата Нексе влезе со четири гола преднсот, сепак Загреб успеа да го ублажи поразот и да загуби минимално. Доколку нема изненадувања до крај на сезоната шампионот на Хрватска ќе се одлучува во Загреб на возвратниот дуел помеѓу овие ривали.

Најефикасен во побединчкиот тим на Нексе беше Халил Јагањац, додека Томиќ, Јелиниќ и Маркушиќ постигнаа по четири гола. Иван Чупиќ со осум гола беше прв стрелец за Загреб, Никола Граховац постигна седум, а Жељко Муса погоди четирипати.

Исто како и Еурофарм Пелистер, кој славеше над шампионот Вардар, така и Нексе го сруши хрватскиот првак Загреб, пред нивниот меѓусебен двобој во осминафиналето на Лигата на Европа во вторник.