Нексе ангажираше кружен напаѓач од Словенија

Екипата на Нексе од Нашице го претстави најновото засилување за престојната сезона. Нов ракометар во редовите на Нексе ќе биде словенецот, Миха Кавчич.

23-годишниот ракометар претходните три сезони беше дел од Горење Велење. Игра на позиција пикер и со Нексе потпиша договор на три сезони.

Кавчич настапуваше за сите младински селекции на словенечката репрезентација. Во Европскиот Куп изминатата сезона беше еден од носителите на играта во Горење Велење и европското натпреварување го заврши со 36 постигнати гола на десет одиграни натпревари.

Покрај Миха Кавчич, Нексе го ангажираше и Предраг Вејин пред завршувањето на сезоната. Претходно, клубот им се заблагодари на услугите на Марко Бувиниќ и Томи Возаб.