Некои ракометари ги одиграа последните натпревари во кариерата – или корона ќе ги премисли?

Коронавирусот им ги смени плановите на многу ракометари. Голем број од нив имаа најавено повлекување после Олимписките игри во Токио, но откако тие се одложени неизвесно е кој играч веќе го има одиграно последниот натпревар за репрезентацијата.

Рускиот „Брз Центар“ направи листа на ракометари кои требаше да ги завршат репрезентативните кариери во Токио, но новонастанатата ситуација можеби ќе ги натера да се откажат од настап и да стават конечен крај на кариерата.

Раул Ентрериос, најави повлекување, но после одлагањето на игрите најверојатно ќе игра и во Токио како што изјави дека сака да биде таму. Виктор Томас и Арпад Штербик од претходно одлучија да стават крај на репрезентативната кариера. Од репрезнетациајта на Франција, Лук Абало го најави своето заминувањео во пензија, но сè уште не е конечна неговата одлука и тој остава простор за понуди од клубовите така што би можел да продолжи уште една сезона. Мишел Гигу после 20 години во Монпелје се пресели во Ним и се подготвуваше за настап на Олимписките игри, но одлагањето го остава во неизвесност до следната година дали би можел да остане во врвна форма со оглед на тоа што има веќе 38 години.

Исто така повратникот во репрезентацијата на Шведска, Екдал Ду Риц најави повторно повлекување од ракометот откако се врати после едногодишна пауза на терените. Доколку неговата репрезентација обезбеди пласман на Олимписките игри тоа најверојатно е неговото последно големо натпреварување.

Останати играчи за кои е можно да го имаат одиграно последниот натпревар се Ренато Сулиќ, Криштоф Лијевски, Холгер Гландорф, Михаел Кнудсен, Блаженко Лацковиќ. Хрватот е единствениот играч од златната генерација на Хрватска од 2004 годин кој сè уште е активен играч. Некои играчи веќе започнаа и тренерски кариери, тоа е Чема Родригез кој после работата како помошник на Иштван Гулјаш во Унгарија, од наредната сезона ќе биде прв тренер на Бенфика.