Некогаш ја делеа соблекувалната на Металург, сега се најдоа во Германија (ФОТО)

Поранешните соиграчи од Металург, но и колеги од репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски, Ацо Јоновски и Филип Лазаров се сретнаа во Германија.

Сите се активни и понатаму на теренот. Миркуловски е дел од Вецлар каде во новата сезона ќе има двојна улога бидејќи ќе биде и во стручниот штаб. Јоновски е тренер на Ратинген, а таму игра и Филип Лазаров така што оваа тројка и понатаму има што да каже.

Овој пат беа собрани на дружење така што секој момент кога тие се заедно е за одбележување.