Неверојатно: Клубот има буџет 11 милиони евра, а бара заем од федерација!

Романската ракометна федерација, мораше да му позајми пари за сертификат за интернационален трансфер на еден од ракометарите на ЧСМ Букурешт, бидејќи сметките на тимот од престолнината се празни!

ЧСМ побара од федерацијата заем од 2.600 евра за го плати сертификатот за Виорел Фотаче, иако пред стартот на сезоната беше објавено дека имаат буџет од 11 милиони евра! Фотаче беше дел од германскиот Битенфелд, се врати во Романија во 2017 година и играше за Дунареа, но играл две сезони без платен сертификат во ЕХФ. Романската јавност се прашува како е можно Фотаче да бил регистиран во романската федерација и играл две сезони.

ЧСМ, каде што настапува македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски, побарал заем од федерацијата поради тоа што нема пари на сметка, а романските медиуми шпекулираат дека ракометарите немаат земено три плати.

Поради тоа и тимот се одлучи двете средби од третото коло во Челинџ Купот да ги игра на гостински терен кај белоруската Машека. Овој случај го крена гласот на другите романски клубови, кои се прашуваат дали федерацијата ќе им помага на сите клубови кои ќе соопштат дека имаат проблеми со финансиите. Коинциндеција или не, синот на претседателот на федерацијата Александар Деду – Константин, работи во ЧСМ Букурешт.