Неагу даде 11 гола, Романија ремизираше со Германија пред патот за Скопје

Денеска се одигра последниот пријателски натпревар меѓу репрезентации учесници на Европското првенство.

Во унгарскиот град Татабања, селекциите на Романија и Германија одиграа нерешено, 29-29, а на полувремето Бундес тимот имаше плус еден, 16-15.

Најдобар стрелец во романската репрезентација, која е ривал на Македонија на ЕП, беше Кристина Неагу, која постигна 11 погодоци.

Освен со Македонија, Романија во Скопје ќе игра против Франција и Холандија, додека Германија ќе игра во Подгорица со Црна Гора, Полска и Шпанија.