На 40 години се враќа од повреда, тренерот верува дека може да биде уште подобра

Една од најдобрите голманки кои ги имала репрезентацијата на Норвешка, Кетрин Лунде и покрај тоа што има 40 години после повредата на вкрстените лигаменти на коленото се враќа назад на терените.

Таа се придружи на тренинзите на тимот на Кристијансанд и верува дека ќе може и понатаму да биде одлична на голот и на својот тим и на репрезентацијата на Норвешка.

За неа говори тренерот на репрезентацијата на Норвешка, Матс Олсон, кој вели дека уште го нема кажано последниот збор.

„Кетрин е одлична. Таа секогаш ќе продолжи да се развива и да оди напред. Годината што ја пропушти како резултат на повреда не ја натера да размислува за крај на каиерата. Мислам дека сака да се врати уште посилна, повеќе од кога да е претходно. Сигурен сум дека може да направи уште еден чекор во нејзиниот развој. Уште не е готово“, вели Матс Олсон.

Со оглед на тоа што често се случува голманите да бранат одлично и после 40 години нема да биде чудо доколку и следната сезона Лунде брани во одлична форма.