На пладне почнува продажбата на билети за ракометниот спектакл на 3 јануари

Денеска на пладне ќе започне продажбата на билети за ракометниот спектакл на 3 јануари во Скопје.

Билети по цена од 250 и 300 денари може да купите онлајн на mktickets.mk и низ нивната продажна мрежа низ Македонија.

Интересот за билети за спектаклот е голем, па нема сомнеж дека СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет до последно место.

Публиката ќе има уникатна можност да ужива за последен пат во националниот дрес да види голем број од македонските мајстори на ракометната игра.

Повеќе детали за овој настан може да прочитате на линковите во продолжение…

РФМ го најави музичко-ракометниот спектакл: Влезници во продажба од 19 декември по цена од 250 денари!

СПЕКТАКЛ на 3 јануари: Последен заеднички меч на Кире, Борко, Столе, Диви, Жути…