„На која основа и по кои критериуми се станува тренер или селектор во Македонија!?“

Македонската ракометна легенда Игор Котевски, кој е актуелен стратег на Металург смета дека легендите во македонскиот спорт се заборавени и прашува што е она што е потребно за некоја од нив да добие шанса?

Истовремено прашува и на која основа и кој критериум се доаѓа до позиција?

„Она што не ми е јасно е како може по се што сум минал, што сум направил и што сум дал за ракометот да не можам да добијам шанса!? А шанса му се дава на кој стигне, без разлика заслужил или не. Диего Марадона, најголемиот фудбалер на светот доби шанса да биде селектор на Аргентина, но со него на СП тие испаднаа уште во група. Му се заблагодарија и се разделија. Мене никој не ми дал шанса! Каде и да сум одел од ништо сум правел нешто, но тие резултати никој не ги гледа! Во Македонија со врски се станува тренер, со некој ако се јави се станува селектор и тоа не е во ред. Според мене првак во Македонија во младинска конкуренција лани беше Голден Арт. Кој е тренер на Голден Арт? Игор Котевски! Тој треба да биде селектор на млади. Во кадетска кој бил шампион – Струга, неговиот тренер треба да биде селектор на кадети. А кај нас не се знае ни како се бираат, ни по кој критериуми, не можам да го разберам тоа. По која основа се станува тренер или селектор, по кои критериуми? Што треба човек да направи да стане тренер на Вардар или на Еурофарм Пелистер или за да биде селектор на Македонија? Според резултатите кои се направени во клубовите во кои сум бил сигурно сум меѓу двајца-тројца тренери кои биле најуспешни во младинските конкуренции, имам амбиција да бидам селектор, но зошто не ми се дава шанса?“, прашува Котевски.

Целосниот разговор со Котевски прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ИГОР КОТЕВСКИ: Металург е борец, како мене – заедно од дното кон нов почеток!