На Загреб му се заканува елиминација од Лигата на шампионите

Хрватскиот шампион Загреб, заедно со унгарскиот ПИК Сегед, веројатно се најмалерозните тимови оваа ковид-сезона.

По којзнае кој пат „плинарите“ заминуваат во карантин по позитивните тестови на двајца ракометари пред дуелот со Фленсбург од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Плинарите“ нема да го играат претстојниот натпреварпротив Фленсбург од ЛШ што беше на програмата на 1 април, како и дуелот од регионалната СЕХА лига против Металопластика што требаше да се игра на 3 април.

Доколку има уште некој позитивен тест во следните денови, Загреб нема да биде во можност да отпатува на вториот дуел со Фленсбург, кој е закажан за 8 април, а тоа значи дека хрватскиот првак ќе биде елиминиран на „зелена маса“ од ЛШ со неславен рекорд – 16 порази на 16 меча.